
ФОТО | Поранешниот модел на „Викторијас сикрет“ се вери по 10 години врска: Елса Хоск се пофали со прстенот чија цена е вртоглава
Шведската манекенка Елса Хоск ја сподели среќната вест дека ќе се мажи за својот долгогодишен партнер Том Дејли. Таа го истакна својот веренички прстен на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.
Препорачано
„Реков „Да“ во шведската градина со диви цвеќиња во нашиот нов стан во градот каде што се запознавме. Десет години подоцна – ти и јас, бејби“, напиша таа во описот.
Тие позираа насмеани, а бројни следбеници им честитаа за нивното ново поглавје во животот во коментарите.
View this post on Instagram
Том ѝ подари дијамантски прстен „Тифани Солест“ од „Тифани и Ко“, а Кеган Фишер, коосновач на брендот Френк Дарлинг, за „Пејџ сикс“ откри дека прстенот е десет каратен. Неговата големопродажна цена се движи помеѓу 350.000 и 500.000 долари, додека малопродажната цена е од 750.000 до 1 милион долари.
Инаку, двојката ја пречека својата ќерка Тулики Џоан во февруари 2021 година. Хоск се обидува да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па затоа ретко зборува за своето семејство.
Таа почнала да работи во светот на модата кога имала 14 години. Соработуваше со многу познати брендови, вклучувајќи ги „Диор“, „Гес“, „Долче и Габана“ итн. Од 2011 до 2018 година, таа беше дел од модните ревии на „Викторија сикрет“.