
ФОТО | Поради објавата на Ријана „горат“ социјалните мрежи: Пејачката конечно очекува девојче?
Ријана наскоро ќе го роди своето трето дете, а шпекулациите за полот на бебето не престануваат од почетокот на нејзината трета бременост.
Познатата пејачка Ријана е бремена и наскоро ќе го роди своето трето дете. Таа веќе има два сина со раперот Асап Роки, а обожавателите ширум светот долго време беа љубопитни и шпекулираа за полот на нејзиното трето дете.
Препорачано

Со оглед на тоа што кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Ријана е секогаш мистериозна и овој пат таа не открива ништо за својата бременост, сепак еден детал ги заинтригира нејзините обожаватели.
Имено, Ријана позираше за списанието „Hommegirls“ и за таа насловна страна одбра да носи розови бермуди. Бидејќи целиот стајлинг беше во розова боја, обожавателите почнаа да шпекулираат дека пејачката конечно очекува девојче.
„Со мојата следна модна икона“, напиша таа во описот, алудирајќи на бебето, но сепак не го прецизираше полот.
View this post on Instagram
Но, тоа не ги спречи обожавателите да почнат да коментираат.
„Се надевам дека ова значи дека доаѓа девојче“, „Конечно девојче“, „Дали ова значи дека очекувате девојче“, беа некои од коментарите.
Не треба долго време луѓето да почнат да претпоставуваат, па така беше и овој пат, но Ријана повеќе не откри ништо, па затоа е сè поизвесно дека полот на бебето ќе остане мистерија додека пејачката не се породи.