Фото: Приватна архива

ФОТО | Померанци: Кученца кои наликуваат на кадифени играчки

Померанците се кученца со мал раст кои не бараат посебни услови за живот, освен оние основните: храна, вода и многу љубов, вели Блаженка Мицевска Пејкова, сопственичка на одгледувачница за Померанци од Скопје.

Фото: Приватна архива

Померанците се кученца кои наликуваат на кадифени играчки. Расата Померанец има богата историја која датира со векови. Се верува дека потеклото на оваа раса е од некогашната област Померанија, денешна Полска и Германија, од каде потекнува и нејзиното име – Померанец.

Фото: Приватна архива

Иако денешните Померанци се кученца со помал раст, поради што се препознатливи, нивната историја е всушност поинаква.

Померанците потекнуваат од групата на кучиња со сличен изглед и карактеристики позната како Германски Шпиц.

Некогаш биле поголеми кучиња, двојно и тројно покрупни од сега. Преку селективно одгледување и нивно размножување од страна на англиската Кралица Викторија, со текот на времето се развиле во помали кучиња, со уште пошармантен и пограциозен изглед, што ги направи омилени меѓу аристократијата, а потоа и целиот свет.

Фото: Приватна архива

Многу познати личности во минатото биле сопственици на оваа раса на кучиња, меѓу нив и сликарот Микеланџело, Исак Њутн, кралицата Шарлота кралицата Викторија, Моцарт, a Шопен му посветил валцер на померанецот на својата девојка.

И во нашата држава постои регистрирана одгледувачница за померанци во која се одгледува токму оваа аристократска раса на кученца.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот