Фото: Инстаграм/Чимс Балце

ФОТО | Почина кучето Чимс Балце, кое стана вирален хит на интернет

Сопственикот на Чимс, кој стана интернет сензација во 2019 година, сподели дека познатото куче од расата Шиба ину починало во Хонг Конг на 13-годишна возраст од леукемија.

Чимс, познат како Балце, доживеа светска слава поради неговите впечатливи фацијални експресии, кои станаа инспирација за вирални мемиња на интернет-просторот.

Фото: Инстаграм/Чимс Балце

На кучето му беше дијагностицирана леукемија во декември минатата година. Иако оттогаш се лекуваше, Чимс починал во петокот, на 18 август.

Сопственикот на Чимс ја сподели тажната вест на социјалните медиуми, каде напиша дека неговиот миленик ја постигнал својата мисија. Тој ги замоли фановите да се потсетат на „радоста што Балце му ја донесе на светот“.

„Кучето со тркалезното насмеано лице ме поврза со вас, им помогна на многумина за време на пандемијата и донесе многу радост, но сега неговата мисија е исполнета. Верувам дека слободно трча на небото и јаде многу вкусна храна со новите пријатели“, истакна сопственикот.

Фото: Инстаграм/Чимс Балце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот