Фото: Инстаграм

ФОТО | Дани Димитровска една година по свршувачката, повторно се заколна на вечна љубов

Поп-рок пејачката Дани Димитровска, која речиси 25 години е дел од македонската музичката сцена, сподели прекрасни вести со своите следбеници. Таа стапи во брак со својот долгогодишен партнер, поранешниот кошаркар Весел, со кого подолго време е во хармонична врска.

Весел ја запроси Дани во јуни минатата година, а пејачката тогаш со голема радост ја објави фотографијата на Инстаграм, гордо покажувајќи го свршеничкиот прстен.

Дани и Весел – Фото: Инстаграм

Сега, пак, со краток опис на првата заедничка свадбена фотографија – „Госпоѓа и господин“, Дани ја сподели среќната вест на социјалните мрежи.

 

На скромната венчавката присуствуваа блиски луѓе, меѓу кои и нејзиниот син Лазар, кој пристигна од Холандија каде минатата година дипломираше на Универзитетот во Ајндховен, а годинава магистрираше.

Тој беше пресреќен дека неговата мајка е во сигурни раце.

Дани за овој специјален ден одбра бела комбинација, панталони и елегантна блуза.

 

Инаку, ова е втор брак на пејачката. Претходно, таа беше во брак со Јоцо, таткото на нејзиниот син Лазар, за кого секогаш зборувала со почит и благодарност. Дани откри дека и двајцата сфатиле дека подобро функционираат како пријатели, бидејќи нивното другарство започнало уште од детството.

Со насмевка и љубов во срцето, Дани влегува во ново животно поглавје, а нејзините обожаватели и посакаа најубави желби за среќа и хармонија во бракот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот