Адријан Броди, Мајки Медисон, Зои Салдана и Киеран Калкин / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Пет Оскари за „Анора“, најдобар актер Адријан Броди, најдобра актерка Мајки Медисон

Синоќа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97. доделување на Оскарите. Домаќин на церемонијата, со која се затвора сезоната на филмски награди, за првпат беше Конан О’Брајан, а голем дел од вечерта беше посветен на сеќавањето на разорните пожари што го зафатија Лос Анџелес и ги погодија животите на многу луѓе во филмската индустрија.

Адријан Броди / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Филмот „Анора“ во режија на Шон Бејкер беше голем победник на 97. доделување на Оскарите, освои 5 Оскари. Режисерот Шон Бејкер доби четири златни статуетки, и тоа за филм, режија, сценарио и монтажа, што е апсолутен рекорд за еден човек да победи за ист филм. Тој се изедначи со Волт Дизни за најмногу освоени Оскари во една вечер.. Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога за нејзината главна улога во овој филм.

Мајки Медисон / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Филмот „Бруталистот“ ја заврши вечерта со три Оскари, меѓу кои и за најдобар актер – Адријан Броди. Актерот го доби својот втор Оскар за најдобар актер, а на сцената проговори за „кревката професија“ на глумата и новата перспектива што ја стекнал по враќањето на сцената. Другите две престижни награди за филмот „Бруталист“ беа во категориите за кинематографија и оригинална музика, компонирана од британскиот композитор Даниел Блумберг.

Филмот со најмногу номинации „Емилија Перез“, кој имаше дури 13 номинации, соборувајќи го рекордот за филмови од неанглиско говорно подрачје освои само две награди и тоа во категориите за оригинална песна и за најдобра актерка во споредна женска улога – Зои Салдана.

Филмот „Злобница“ исто така освои само два Оскари и тоа во категориите за најдобра сценографија и костимографија.

Актерот Киеран Калкин доби Оскар за најдобар актер во споредна машка улога за улогата на американски турист во филмот „Вистинска болка“.

Шон Бејкер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Можеби најголемото изненадување беше филмот „Комплетно непознато“ кој и покрај осумте номинации не освои ниту една награда.

Зои Салдана / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Киеран Калкин / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER
Конан О’Брајан / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Во продолжение, прочитајте ги победниците во поважните категории на годинашните Оскари.

„Најдобар филм“

„Анора“ – победник

-„Бруталистот“
– „Целосно непознато“
– „Конклава“
– „Дина: Втор дел“
– „Емилија Перез“
– „Сè уште сум тука“
– „Никел Бојс“
– „Супстанцијата“
– „Злобница“

Најдобра режија

– Шон Бејкер, „Анора“ – победник

– Бред Корбет, „Бруталистот“
– Џејмс Манголд, „Целосно непознато“
– Жак Одиар, „Емилија Перез“
– Корали Фаржа, „Супстанцијата“

Најдобра актерка во главна улога

– Мајки Медисон, „Анора“ – победник

– Синтија Ериво, „Злобница“
– Карла Софија Гаскон, „Емилија Перез“
– Деми Мур, „Супстанцијата“
– Фернанда Торес, „Сè уште сум тука“

Најдобар актер во главна улога

– Адриен Броди, „Бруталистот“ – победник

– Тимоти Шаламе, „Целосно непознато“
– Колман Доминго, „Пеј запеј“
– Ралф Фајнс, „Конклава“
– Себастијан Стен, „Приправник“

Најдобра актерка во споредна улога

– Зое Салдана, „Емилија Перез“ – победник

– Моника Барбаро, „Целосно непознато“
– Аријана Гранде, „Злобница“
– Фелисити Џонс, „Бруталистот“
– Изабела Роселини, „Конклава“

Најдобар актер во споредна улога

– Киран Калкин, „Вистинска болка“ – победник

– Јура Борисов, „Анора“
– Едвард Нортон, „Целосно непознато“
– Гај Пирс, „Бруталистот“
– Џереми Стронг, „Приправник“

Најдобро оригинално сценарио

– „Анора“ – победник

– „Бруталистот“
– „Вистинска болка“
– „5 септември“
– „Супстанцијата“

Најдобро адаптирано сценарио

– „Конклава“ – победник

– „Целосно непознато“
– „Емилија Перез“
– „Никел Бојс“
– „Пеј Пеј“

Најдобар странски филм

– „Сè уште сум тука“ – победник

– „Девојката со игла“
– „Емилија Перез“
– „Семето на светата смоква“
– Проток“

Најдобар анимиран филм

– „Проток“ – победник

– „Опаку наопаку“
– „Мемоарите на полжав“
– „Волас и Громит: Перјаста освета“
– „Дивиот робот“

Најдобар документарен филм

– „Нема друга земја“ – победник

– „Дневници на црната кутија“
– „Порцеланска војна“
– „Саундтрак за државен удар“
– „Шеќерна трска“

Целосната листа со победниците на годинашните Оскари може да ја прочитате ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот