Куманово, Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ФОТО | Персеидите повторно создадоа небесно шоу: Земјата беше опсипана со метеорски дожд

На голема радост на љубителите на астрономијата, метеорскиот дожд Персеиди и годинава го осветли небото ширум светот, пишува „Би-би-си“.

Феноменот носи до 100 метеори на час, кои стануваат видливи кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл.

Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди.

Куманово, Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Овој метеорски дожд е активен од 17 јули, па сè до 24 август, додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Оваа година, својот врв го достигна во ноќта помеѓу 12 и 13 август.

Метеорите, кои можат да бидат мали како зрно песок или големи како грашок, навлегуваат во Земјината атмосфера со брзина од 215.000 километри на час. Тие не претставуваат никаква опасност за нас на Земјата.

Тухињска долина, Словенија / Фото: Matic tojs Lomovek / Alamy / Alamy / Profimedia

Овој метеорски дожд се смета за еден од најсаканите астрономски настани, а бидејќи може да се набљудува секоја година, тој е еден од поактивните.

Оваа година, мрежата „Ол скај фајрбол“ на НАСА, која набљудува метеори користејќи мрежа од камери, го откри првиот Персеид на 26 јули.

Фолках, Баварија / Фото: KARL-JOSEF HILDENBRAND / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот