Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

ФОТО | Перо Антиќ и Сања со синовите повторно во Анталија: Пливаат со делфини и се забавуваат во аквапарк!

Перо Антиќ и неговата партнерка Сања Ристиќ повторно се на одмор во Анталија, заедно со нивните синови од претходните бракови.

По ланската посета на аквариум со ајкули, годинава решиле да пробаат нешто ново – пливање со делфини. Ристиќ откри дека искуството било прекрасно, особено за децата, но и дека имала измешани чувства бидејќи делфините биле затворени во мал простор.

„Боже, какви измешани емоции! Прво да кажам, децата пресреќни, зајдени од возбуда, остварен сон. Прекрасно искуство е да пливаш со твојот омилен цицач, буквално омилен, питом, мил, забавен, весел…  Е сега, ако може да бидам комплетно искрена, многу ми беше жал кога доживеав како се затворени на мала површина која не ја создала природата за нив, некако тажно. Се надевам дека таму се родени и дека не се тажни, барем не личеа. Сите им пружаа љубов и внимание“, напиша таа на Инстаграм.

Семејството претходно беше и во аквапарк, каде се лизгаа по тобогани и се забавуваа во базените.

Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ
Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ
Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ
Фото: Инстаграм/Сања Ристиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот