Карди Б - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Пејачката Карди Б заврши на суд: „Не ја удрив, но ја нареков кучка“

Пејачката Карди Б во вторникот сведочеше на граѓанско судење во Лос Анџелес, каде што ја даде својата верзија за расправијата од 2018 година меѓу неа и една жена од обезбедување. Расправијата наводно се случила кога раперката била следена и снимана од  Емани Елис, во гинеколошка ординација, објавува „Дејли Меил“.

Карди е обвинета за напад, удирање и плукање на Елис, како и за сечење на нејзиното лице со долгиот нокт. Елис поднесе тужба против Карди Б во 2020 година, која дури сега сведочеше на суд за расправијата.

Во своето сведочење, Карди истакна дека поминувала низ ординацијата на нејзиниот гинеколог за време на четвртиот месец од бременоста кога Елис, која работела во зградата, почнала да ја следи и да ја снима со мобилниот телефон.

Ѕвездата негираше дека имало физички конфликт меѓу нив, но призна дека го нарекла Елис „кучка“.

Сведочењето на Карди Би е сосема поинакво од сведочењето на Елис. Таа, исто така, ја обвини Карди дека замавнала кон неа, ја плукнала  и ѝ го исекла образот со долг нокт.

Карди инсистираше дека имале вербална расправија и дека немало физичка конфронтација. Таа рече дека Елис влегувала додека таа си одела и дека ја слушнала на телефон како вели: „О, Боже мој, луѓе, Карди Би е тука“.

„Го забрзав темпото, но ја почувствував зад мене. Ја прашав: „Зошто ме снимаш?“ И очигледно изгледаше како обезбедување во униформа. Јас велам: „Зошто ме снимаш, нели си обезбедување?“ А таа рече: „О, моја грешка“, изјави раперката која додаде дека Елис продолжила да ја следи.

„Се свртив повторно и ѝ реков: „Зошто ме следиш?“ Таа рече: „Затоа што можам“. „Реков: „Не, не можеш. Не треба ли да бидеш обезбедување?“ додаде Карди, објаснувајќи како почнале да се расправаат додека Елис се приближувала.

Карди рече дека продолжиле да се расправаат и да си упатуваат погрдни зборови една кон друга. Раперката тврдела дека во еден момент излегла, иако Елис изјавила дека Карди почнала да ја удрила.

„Велам дека јас не ја удрив. Ја гледам и си велам: „Девојко, не можам да те удирам дури и да сакам, поголема си од мене“, рече таа, додавајќи дека потоа излегол доктор и ја повикал во ординацијата. Карди, исто така, ја обвинила Елис за нарушување на приватноста.

Според очевидци, Елис ѝ се приближила на ѕвездата обидувајќи се да ја снима или фотографира, а кога раперката ја замолилада престане, таа се налутила, што довело до расправија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот