
ФОТО | Пеце Суперхикс ја испрати 2024. : Убава година зад мене, со повремени горки ноти ама се изборивме, нека 25-та биде успешна за сите
Петар Младеновски познат како Пеце од Суперхикс, во свој стил ја испрати изминатава 2024 година. На објавата на својот Фејсбук профил, покрај фотографиите од семејството, Пеце напиша емотивна порака, во која ги сумираше најбитните случувања изминатите 365 дена, а потоа ги поздрави следбениците и им посака многу мир и здравје.
Препорачано
Се она што го помина, како и желбите за 2025. ви ги пренесуваме во целост:
– 30-ката со Сиперхикс гордо и достоинствено одбележана. Сакам да ѝ честитам на бандата што преброди една голема криза, се исправи и храбро ја ’испука‘ 30-ката со еден куп активности и предизвици до крајот (нов албум и синглови, спотови, голем концерт во Кисела Вода, МК турнеја, за прв пат 2 анплагд концерта, изложба … наскоро пристигнуваат и винилот и документарецот а се дискутира и за книга). Ќе видиме какви предизвици ќе донесе 25ката! Со „Брејкдаун бенд“ стандардно газење. Снимивме и со една фина екипа, песна за ФК Вардар. Во градот Скопје има и ќе има само еден клуб (па и во ваква криза како сегашнава). Дома, фала му на бога на крајот сите живи и здрави. Деца растат … Старите стареат. Испукан и серијалот поткасти „Тивка Врева“. Со Култи Ватор изработени пар проекти (нот бед … нот грејт). Би сакал да му се вратам на радиото и тоа ми е голема желба … некогаш. Доста планови и идеи и за 25-тата ама мајку му некако најкриво ми е што оној албум со Педро Хорисонте никако да здогледа светлина на ден а има супер материјал. Ајде да бидне веќе и тоа! Нека 25-ката биде успешна за сите! Да сте живи и здрави сите и да ви се исполнуваат сите желби! Мир, малку повеќе почит, љубов и разбирање луѓе мои! Чувајте се! Една, искрено ваша будала … – Напиша Пеце.