Фото: Принтскрин - Инстаграм

ФОТО | Остварен сон: Аврил Лавињ доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Канадска пејачка, текстописец, актерка, моден творец и филантроп, Аврил Рамона Лавињ или попозната само како Аврил Лавињ го оствари својот тинејџерски сон. Пејачката ја доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а тоа била нејзината желба уште од почетоците на нејзината кариера-

Аврил ја отвори церемонијата откривајќи досега невидена приватна фотографија. На фотографијата младата пејачка има само 16-години додека позира легната на тротоарот на Булеварот на славните во Холивуд, покрај една од славните ѕвезди, облечена во качулка на која пишува „скејтбордингот не е криминал”. За време на својот говор, пејачката го носеше истиот дуксер од нејзината стара фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)


Љавиќ е родена е во Белвил, Онтарио, но го поминала детството во Напани. Кога имала 15 години за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа Arista (сега RCA Records) вреден повеќе од 2 милиони долари. Кога имала 17 години, Лавињ навлегла во музичката сцена, со својот прв албум „Let Go“, издаден во 2002 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)


„Let Go“ ја направил Лавињ најмладата солистка која се искачила на топ листите во Обединетото Кралство, а нејзниот албум четири пати добил платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација од Америка. До 2009 од овој албум биле продадени преку 16 милиони копии ширум светот. Нејзиниот сингл, „Complicated“, се искачил на врвот во многу земји ширум светот, исто како и албумот „Let Go“. Нејзиниот втор албум,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)


„Under My Skin“, е издаден ви 2004 и е нејзиниот прв албум кој се искачил на #1 на Билборд 200 во САД со повеќе од 10 милиони продадени копии ширум светот. „The Best Damn Thing, третиот албум на Лавињ, е издаден во 2007, станувајќи нејзиниот трет албум кој се искачил како #1 албум на ОК Албум Табели и вклучувајќи го нејзиниот прв САД Билборд Хот 100 #1 сингл, „Girlfriend“. Лавињ има пет синглови ширум светот кои се искачиле на првото место, вклучувајќи ги и „Complicated“, „Sk8er Boi“, „I’m With You“, „My Happy Ending“ и „Girlfriend“.


На настанот беше присутен и познатиот рапер Колсон Бејкер, попознат како Машинган Ган Кели, кој изјави дека Лавињ претставувала „инспирација за него и децата од неговата генерација“.

„Денес сакам да правам музика повеќе од кога било. Се чувствувам толку инспирирана”, рече таа, заблагодарувајќи им се на своето семејство и нејзиниот вереник Дерек Смит, кој настапува како раперот Мод Сан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Лавињ откри дека се надева дека нејзината ѕвезда ќе го инспирира следниот 16-годишник од мал град кој „еден ден полн со надежи и соништа ќе дојде во Холивуд”.

„Живеј ја својата страст. Изрази се. Биди искрен со себе, работи напорно. Држи ја главата горе. Верувај во себе”, додаде таа, забагодарувајќи се за честа да биде добитник на ѕвезда на Булеварот на славните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот