Ноне Неделковска - Фото: Инстаграм

ФОТО | Од Шпанија и Италија до Германија: Ноне Неделковска уште еднаш потврди зошто живее живот од соништата

Ноне Неделковска е пример како вистински се ужива во животот. Откако ја напушти македонската музичка сцена и замина да работи на брод, таа нижи прекрасни животни искуства кои се вистински „мелем за очи и душа“. Работата на брод, особено во летниот период, е вистинска магија — посетата на безброј егзотични дестинации и патувања е само дел од моментите кои немаат цена.

Ноне често објавува фотографии на социјалните мрежи, а по Шпанија и Италија, таа сега ужива во убавините на Германија, поточно во градот Росток.

„Телефонот се предаде, јас не… 0 отсто батерија и 25.000 чекори“, напиша пејачката на објавата на Инстаграм, каде што сподели низа фотографии и видеа од престојот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)

Инаку, Ноне Неделковска го освои срцето на македонската јавност уште  од нејзиното појавување на шоуто за нови музички таленти „Идол“. Иако со години не е активна на музички план, таа постојано е актуелна на социјалните мрежи.

За неа животот е патување, бидејќи работи на брод, со години „го шета светот“ и запознава нови луѓе од најразлични култури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот