Фото: FIBA

ФОТО | Објавил фотографија во два по полноќ, добил отказ: Вработен во Турската кошаркарска федерација предизвикал бура

Европското првенство во кошарка изминатиот викенд заврши со триумф на селекцијата на Германија, која во финалето со резултат 88:83 ја совлада одличната Турција. Иако останаа без злато, Турците можат да бидат горди на својот насап, посебно на фантастичната победа над Грција во полуфиналето со убедливи 94:68.

Но, по таа победа на Турција се случил и мал инцидент. Имено, вработен во Кошаркарската федерација на Турција добил отказ поради фотографија од Јанис Адетокумбо и Џеди Осман која ја преработил и објавил на официјалните канали на Кошаркарскиот сојуз на Турција.

Фотографијата поради која вработениот доби отказ

Фото: Instagram

Објавата, која беше споделена на официјалниот профил на федерацијата, брзо предизвика бурни реакции, особено од грчката страна, која веднаш поднесе жалба до ФИБА. Реакцијата од Турската федерација беше експресна, објавата беше избришана, а исто така и испратија извинување до спротивната страна

Селекторот Ергин Атаман на прес-конференција потврди дека се работи за индивидуална одлука која брзо била санкционирана.

„Објавата е била објавена околу 2 часот по полноќ, без знаење на никој од федерацијата. Кога дознаа, веднаш презедоа мерки. Тоа не беше соодветна објава, но вакви работи, за жал, се случуваат во дигиталното време“, изјави Атаман.

Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот