Фото: „Слободен печат“

ФОТО | Нова минидепонија близу Железничка – двоседи, веце школка, искршени контејнери…

Веднаш до Железничката станица – Скопје, околу контејнерите сместени на крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, никнала нова минидепонија, која ја заземала и зелената површина покрај тротоарот.

Фото: „Слободен печат“

Двоседи, веце школки, буриња, црева, треви, земја, искршени контејнери и останато ѓубре се работите кои можат да се забележат на фотографиите кои ни ги испратија минувачите, според кои ситуацијата е идентична и непроменета изминатите неколку денови.

Фото: „Слободен печат“

Глетката е ужасна за место во центарот на Скопје како што е ова, последица од несовесните граѓани кои го фрлаат кабастиот отпад среде тротоар и ги кршат контејнерите, а бидејќи сè уште нема реакција од службите надлежни за собирање на овој отпад и расчистување на минидепонијата, пешаците веќе неколку денови мора да минуваат низ овие ѓубришта.

Фото: „Слободен печат“
Фото: „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот