
ФОТО | Никол Кидман со нов имиџ во јавност по љубовниот бродолом: Рака за рака со ќерките
Никол Кидман (58) повторно покажа дека останува непоколеблива и дотерана и покрај тешкиот период во животот. Славната актерка се појави во понеделник вечерта на ревијата на „Шанел“ во рамки на Модната недела во Париз, во придружба на нејзините ќерки Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).
Препорачано
Тоа беше првото јавно појавување на Никол Кидман и нејзините ќерки откако актерката минатата недела потврди дека нејзиниот брак со кантри ѕвездата Кит Урбан е завршен.
Холивудската дива носела едноставна бела кошула и широки сини панталони, совршено отелотворувајќи ја лежерната елеганција на „Шанел“. Со насмевка, таа позирала за фотографите со своите две ќерки што ги дели со Урбан – постарата Сандеј избрала класични фармерки и црвен џемпер без ракави, додека помладата Фејт шармирала со црн мини фустан и тексас палто.
View this post on Instagram
Друштво им правела и Луција Холи, ќерката на сестрата на Никол, Антонија Кидман, со која актерката уживаше ова лето во Хрватска, а четирите дами заедно привлекоа големо внимание од собраните модни познавачи.
Само неколку дена пред ова појавување, Кидман потврди дека се разведува по 19 години брак. Неговиот крај наводно бил поттикнат од гласините дека Урбан веќе е во нова врска со помлад музичар од Нешвил.
Додека Никол достоинствено го поминува разводот, нејзината постара ќерка Сандеј веќе ги направи своите први модни чекори – денот по објавувањето на разводот, таа прошета по модната писта на модната куќа „Диор“, воодушевувајќи ги своите следбеници на социјалните мрежи со кратка објава со натпис (Го обожавам Диор) „j’adore Dior“.
View this post on Instagram
Познато е дека Никол побарала старателство над децата и дека Кит Урбан ќе поминува само 59 дена во годината со своите ќерки.
Инаку, во Париз, Никол го претстави и својот нов имиџ – фризура со шишки.
Инаку, Никол Кидман, која е во процес на развод по 19 години брак, успеа пред неколку дена да најде сила да се насмевне и да се појави на ексклузивна церемонија на доделување награди.
Кит Урбан веќе пронајде нова љубов, но Никол Кидман покажа вистинско срце и храброст кога го направи своето прво јавно појавување само четири дена по поднесувањето на барањето за развод.
На престижната добротворна вечера на амфаР во Далас, актерката блесна и надвор од чинот на доделување на „Наградата за инспирација“ на авторката на „Јелоустоун“ Тејлор Шеридан.
Појавувањето, по личните и емоционалните превирања, беше повеќе од само должност – тоа беше тивка, но моќна порака до светот дека Кидман е подготвена да сврти нова страница. Нејзиниот елегантен црн фустан и цврстиот, но смирен говор за солидарноста, сочувството и силата на заедницата одразуваа внатрешна сила која често е невидлива, но несомнена.