Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

ФОТО | Никој не може да го препознае! Расел Кроу по пет години за првпат се избричи

Познатиот холивудски актер Расел Кроу ги изненади обожавателите откако ја избричи својата препознатлива густа брада за првпат по пет години.

Имено, 59-годишниот актер објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Икс и на своите следбеници им го покажа новиот изглед. Расел во последните години стана препознатлив по густата сива брада, но се чини дека решил дека е време да се ослободи од неа. Тој всушност откри дека ова е првпат да се избричи во последните пет години и навести дека тоа е поради нова филмска улога.

„Леле, изгледаш 20 години помладо“; „Добро изгледаш“; „Имаш убаво лице зад целата таа брада“; „20 години помлад сега“; „Сакам да знам каков филм ќе правиш“, беа дел од коментарите што ги доби од своите обожаватели.

Инаку, Расел, кој е роден во Нов Зеланд и живее во Сиднеј, оваа година се подготвува за различни актерски проекти. Ќе игра во акциониот филм за ММА „Ѕверот во мене“, тој ќе го игра и нацистот Херман Геринг во историската драма на Џејмс Вандербилт „Нирнберг“. Неодамна го сними трилерот „Земја на лошото“ заедно со Лијам и Лук Хемсворт, додека треба да се појави и во претстојниот научно-фантастичен филм „Ловецот Крејвен“.

 

ФОТО | Расел Кроу е далеку од секс – симбол: Што остана од градијаторот Максимус?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот