Фото: Принтскрин /Инстаграм

ФОТО | Неверојатна трансформација на Виктор Живоиновиќ! Синот на Лепа Брена ослабел 70 килограми со посебна диета

Фотографијата на Виктор Живоиновиќ привлече големо внимание во јавноста. Имено, синот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, кој ослабе повеќе од 70 килограми, не крие дека одлично се чувствува во својата кожа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фотографијата на која Виктор носи облека помала дури неколку броја, со виток стас, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а на сметка на наследникот на Брена не престануваат да се нижат комплименти.

Виктор имал дури 163 килограми, а веќе со месеци напорно работи на губитокот на телесната тежина. Како што неодамна беше откриено, Виктор ослабел повеќе од 60 килограми и се чувствува одлично.

– Виктор квалитетно се храни и тренира. Алкохол пие повремено, главно кога се некои важни прилики, но се труди да биде умерен во сè. Пред неколку години беше малку потешко бидејќи беше млад и нестабилен, но сега е зрело момче и е свесен за своите приоритети. Сега стана сериозно момче. Разликата се гледа на неговите фотографии на Инстаграм, а особено во живо. Сите три оброци се состојат од месо и салата. Исфрлил алкохол, сокови, слатки и тестенини. Откако ослабе, неговата крвна слика е подобрена – открил извор близок на Виктор, пишува „Пинк.рс“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Лепа Брена почна со роденденската прослава: Пејачката го покажа првиот подарок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот