
ФОТО | Нема да верувате колку тежел горниот дел од скапоцени камења што го носеше Џена Ортега на црвениот тепих
Џена Ортега, која се прослави по улогата на „Среда“ (Wednesday) во истоимената серија, ги привлече погледите на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ носејќи драматичен топ украсен со скапоцени камења од првата колекција на Сара Бартон за „Живанши“.
Препорачано

Необичната креација е направена целосно од преголеми скапоцени камења во апстрактна конструкција што создава илузија на стратешки поставени нишки скапоцени камења што висат од вратот на Џена.
Стилистот на 22-годишната актерка, Енрике Мелендес, неодамна се појави во поткастот „Џес Лусеро“ на Плус Уан за да ги открие деталите за одважниот изглед на Џена, споделувајќи го специфичното барање што таа го поставила кога завршила вечерта.

Мелендез откри дека топот тежел „добри 10-15 килограми“, и рече: „Замислете го сето тоа на вашата кожа“.
Џена подоцна му рекла: „Енрике, те сакам, но може ли следниот пат да направиме нешто попрактично?“
„Топот ѝ правеше притисок врз клучната коска“, додаде тој.

Џена Ортега не е сама во својата авантура на „кревање тегови“ на црвениот тепих.
Ријана носеше фустан од Гуо Пеи тежок 25 килограми на Мет Гала во 2015 година, а фустанот од Каролина Херера што го носеше Глен Клоуз на Оскарите во 2019 година тежеше 19 килограми!
Како и да е, младата Џена Ортега докажа дека е нова модна икона која ужива во модните авантури на црвениот тепих.
