Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Не се одвојуваат еден од друг: Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница уживаат на Малдиви

Актерот Лазар Ристовски и 39 години помладата колешка Аница Лазиќ веќе подолг период се во хармонична врска и се речиси неразделни.

Аница често споделува моменти од нивниот приватен живот, па така ни овој пат не е исклучок. Имено, тие решија студените денови да ги заменат со егзотична дестинација, па отпатуваа на Малдиви, од каде Аница се пофали со прекрасни фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

Таа на Инстаграм сподели нивна фотографија од плажа на која се држат за раце, шетаат по белиот песок и гледаат во далечината, додека се смешкаат. Аница беше облечена во виолетов краток фустан, додека Ристовски беше во сосема опуштено издание – шорцеви и маичка.

Таа објави уште една фотографија на која позира на песокот покрај морската шир во долг син фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

 

Девојката на Лазар Ристовски првпат проговори за врската со актерот: И двајцата сакаме акција и брзо темпо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот