Кајли Џенер - Фотот: TGB/Raw / Goff Photos / Profimedia

ФОТО | Не, овој пат Кајли Џенер не е гола и тоа е изненадување: Сепак, сите повторно гледаа во преубавата бринета

Париз овие денови е центарот на вниманието поради Неделата на модата, а Кајли Џенер се потруди со своето појавување да „додаде зачин“ на целиот настан. Иако сите најчесто очекуваат од неа провокативни изданија, овој пат Кајли ги изненади сите па дури и самата себе.

За ноќниот живот во Париз таа избра елегантен црн фустан со уникатни двојни прерамки кој не откри речиси ништо.

Кајли Џенер – Фотот: TGB/Raw / Goff Photos / Profimedia

Комбинацијата ја надополни со сандали на штикла со тенки ремчиња и црнo сако, додека косата ѝ беше врзана во пунџа.

Ова е едно од ретките изданија во кои Кајли се обидела да не биде во центарот на вниманието, но тоа очигледно е невозможно кога станува збор за неа. Доволно е само да се појави  и сите погледи да бидат свртени кон неа, без разлика што носи.

Кајли Џенер – Фотот: TGB/Raw / Goff Photos / Profimedia

Освен со модните изданија, Кајли привлекува внимание и со својот љубовен живот. Врската со актерот Тимоте Шаламе ѝ донесе дури и гнев од неговите обожаватели. Во последно време се појавија шпекулации дека парот минува низ криза, па дури и дека можеби раскинале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот