
ФОТО | Не остави многу на фантазијата: Марго Роби го „украде“ вниманието на црвениот тепих во проѕирен фустан и танга
Марго Роби го „украде“ целото внимание со смела проѕирна тоалета на лондонската премиера на нејзиниот нов филм, каде што ѝ се придружи и колегата Колин Фарел. Актерското дуо го промовираше филмот „Големо, смело и убаво патување“, чија премиера е закажана за 19 септември.
Препорачано

Имено, 35-годишната актерка изгледаше зачудувачки во блескава проѕирна креација, украсена со кристали и светки. Смелиот долг фустан се издвојуваше и со отворен грб, совршено истакнувајќи ја нејзината фигура. За нејзиното враќање на црвениот тепих, таа избра верзија без градник, носејќи само танга гаќички под фустанот.

Инаку, филмот „Големо, смело и убаво патување“ ја раскажува приказната за Сара (Роби) и Дејвид (Фарел), кои се запознаваат на свадбата на заеднички пријател. Тие наскоро се вовлечени во натприродна авантура за да ги оживеат клучните моменти од нивното заедничко минато. Во шумата, тие откриваат необична врата што служи како портал кон нивните спомени, како што се невозвратената љубов на Дејвид и смртта на мајката на Сара.
Првиот трејлер, објавен од „Сони пикчрс“ во јуни, веќе доби одлични критики од обожавателите, а некои го нарекуваат филмот „филм на годината“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
33мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5