Фото: Antonio Rüdiger /Twitter

ФОТО | Не изгледа добро: „Марка“ објави фотографија од лицето на Рудигер по жестокиот дуел

Антонио Рудигер вчера против Шахтјор со својот гол донесе реми на Реал Мадрид кое на „кралевите“ им беше доволно да се изборат за место во следната фаза.

Меѓутоа Рудигер при постигнувањето на голот имаше жесток судир со голманот на украинскиот клуб, па во таа ситуација заработи расекотина на главата. Шпанците подоцна објавија дека докторите морале да употребат дури 20 конци за да ја санираат повредата.

Реномираната „Марка“ успеа да дојде и до фотографија на која може да се види лицето на Рудигер, а на истата може да се види дека едното око на дефанзивецот е целосно затворено.

Реал Мадрид за четири дена го очекува големото дерби против Барселона во Ла Лига, па дефанзивецот ќе води трка со времето да се опорави за оваа средба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот