Фото: Инстаграм

ФОТО | Најбогатите миленичиња на светот: Мачката Нала има 100 милиони долари

Едно од најуспешните кучиња во светот, Шиба Ину по име Марутаро, почина неодамна на 16-годишна возраст. Неговите следбеници на социјалните мрежи, од кои само на Инстаграм се дури 2,5 милиони, со денови се збогуваат со миленикот. Но, освен што им донесе многу среќа на сопствениците во текот на својот живот, им донесе и големо богатство кое според некои проценки изнесува околу 1,5 милиони долари, пишува „Јуроњуз.рс“.

Најголем дел од таа сума заработиле со снимање реклами, но и преку продавање на разни производи со неговиот лик.

Меѓутоа, Мару, како што го нарекувале неговите следбеници, не бил најбогатиот миленик на светот. Ви ги претставуваме рекордерите по заработка меѓу кучињата и мачките:

Мачката Нала (100 милиони долари)

Фото: Инстаграм/ nala_cat

Најбогатото милениче на светот е мачка по име Нала, која благодарение на популарноста на Инстаграм, каде има 4,5 милиони следбеници, влезе во Гинисовата книга на рекорди. Нејзините сопственици, охрабрени од нејзиниот шарм, решиле да започнат со производство на премиум храна за мачки, чиј заштитен знак е Нала.

Деловниот потег се покажа како полн погодок и на Нала и нејзиното семејство им донесе богатство проценето на околу сто милиони долари.

Оливија Бенсон (97 милиони долари)

Фото: Инстаграм/ oliviabswift

Светот неодамна ја обиколи веста дека шкотската мачка на планетарната поп ѕвезда Тејлор Свифт по име Оливија Бенсон е побогата од нејзиното момче, Тревис Келче.

Оливија, која пејачката ја посвои во 2014 година, сега има богатство од 97 милиони долари, благодарение на тоа што се појавила во неколку видеа на нејзината сопственичка.

Шармантната мачка, која го добила името по лик од серијата „Закон и ред“, има и своја линија на различни производи и се појавила во многу реклами со големи буџети.

Од друга страна, нето вредноста на Тревис Келче се проценува на 40 милиони долари.

Кучињата на Опра Винфри (30 милиони долари)

Фото: Инстаграм/ owntv

Додека миленичето на Тејлор Свифт сè уште мора да работи за да го заработи своето богатство, некои миленичиња ќе го наследат.

Кралицата на ток-шоу програмата Опра Винфри наводно основала посебен фонд, преку кој ќе остави 30 милиони долари на своите кучиња Сејди, Сани, Лорен, Лејла и Лука.

Џифпом (25 милиони долари)

Фото: Инстаграм/ jiffpom

Симпатичниот померанец Џифпом од Чикаго има повеќе од 30 милиони следбеници на социјалните мрежи и е најпопуларното куче на Инстаграм со над девет милиони следбеници.

Благодарение на добрата репутација што го следи, неговите сопственици создадоа серија производи со неговиот лик, а градот Лос Анџелес на 20 август 2014 година го прослави „Денот на Џиф“, посветен на шармантното куче.

Поради сето ова неговото богатство се проценува на 25 милиони долари.

Чопета (13 милиони долари)

Фото: Инстаграм/ choupetteofficiel

Секако најпознатата наследничка на оваа листа, неодоливата Чупета, миленичката на покојниот Карл Лагерфелд, добила големо наследство, но продолжила да работи и да снима реклами.

Нејзините ангажмани ѝ донеле речиси пет милиони долари, а сега нејзиното богатство се проценува на импресивни 13 милиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот