Фото: Фејсбук

ФОТО | На стотиот ден од трагедијата во Кочани, „Кој е следен“ постави 100 транспаренти низ Скопје

Откако утрово се појавија бројни транспаренти со пораки кон власта и институциите, подоцна се воспостави дека транспарентите се поставени од страна на здружението „Кој е следен“, кои на социјалните мрежи соопштија дека низ Скопје, 100 дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, низ градот се поставени 100 транспаренти со различни пораки.

Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме….

Posted by Кој е следен? on Вторник, 24 јуни 2025

„Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира. Викендов ве прашавме што би му порачале на системот на 100-тиот ден од трагедијата. И те како имавте што да кажете. Од тага и бол, преку гнев и бес, сè до јасни, недвосмислени повици за борба, за слобода, за правда. Утрово ги закачивме вашите пораки, на кои додадовме и наши, на разни локации во центарот на градот. Ако градските служби не биле доволно ажурни, веројатно повеќето можете сè уште да ги видите“, велат од „Кој е следен“.

Фото: „Слободен печат“

Оттаму порачаа дека овие 100 транспаренти не се минливи желби и фантазии, туку критики за системот.

„Овие 100 крика за подобар систем не се само минливи желби и фантазии, ниту реторички прашања, туку критики за овој систем што нè убива. Кочани, најдлабоко ти се извинуваме што дозволивме ова да ти се случи за да ни ги отвори очите. Но, сега нема назад. Веќе не молчиме. Не простуваме. Не забораваме. Правда мора да има“, соопштија од „Кој е следен“.

Денес, сите заедно на системот му испративме вкупно 100 пораки од 100 различни гласа кои го артикулираат она што сите го мислиме и чувствуваме, додадоа од здружението.

ФОТО | Бројни транспаренти утрово се појавија низ центарот на Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот