Фото: КФСМ

ФОТО: МЗТ издоминира и против Кожув за нова титула во Купот на Македонија

MЗТ Скопје денеска додаде уште една титула во својата колекција и со победата над Кожув од 61:86 во Гевгелија го освои Купот на Македонија.

Издоминира МЗТ во текот на целиот турнир во салата „26ти Април“ и забележа убедливи победи против Работнички и Пелистер, а во финалето против Кожув само ја потврди доминацијата.

Од самиот почеток „штрковите“ го диктираат темпото и по првиот период имаа предност од 15:23. Со доминација продолжија и во втората четвртина и стигнаа до позитива од 27:42.

На стартот од вториотдел Кожув имаше добри минути, па ја намали предноста на едноцифрена разлика (35:44). Но, тоа како да беше се од домаќините. Гостинскиот состав не дозволи некаков пресврт и „додаде гас“ за нов триуф.

Маслинко кај МЗТ беше најефикасен со 17 поени, Крстевски постигна 16 и додаде уште четири скока. На спротивната страна за Кожув 20 поени постигна Стевановиќ, а по 12 имаа Вилсон и Пилепиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!