ФОТО | Моден хет-трик на ѕвездата на „Емили во Париз“: Французинката предизвикува сензација со софистицираните модни избори

Од нејзиното појавување во серијата „Емили во Париз“, 61-годишната француска глумица Филипин Лерој-Болие се етаблираше во улогата на Силви Грато, станувајќи вистинска модна икона. Секогаш подеднакво храбра во изборот на облека, актерката ја владее умешноста на мешање на сензуалноста и елеганцијата со неверојатна леснотија.

На самото отворање на новото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ на Нетфликс го потврди статусот на модна икона.

Без разлика дали на црвениот тепих или за време на модните месеци во првите редови на модните ревии, познатата Французинка секогаш предизвикува сензација со својот смел и софистициран избор.

Во петокот, 29 ноември, на свеченото отворање на 21. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, таа уште еднаш го покажа своето вродено чувство за стил. На проекцијата на филмот „L’Ordre“, 61-годишната Французинка се појави во зелен сатенски фустан на „Rochas“, специјално дизајниран по мерка. Што се однесува до аксесоарите, актерката избра висечки обетки кои одговараат на бојата на нејзиниот фустан, како и неколку впечатливи прстени кои му дадоа завршен допир на овој блескав изглед.

 

Profimedia

Поради исклучителната соработка со ѕвездата од серијата „Емили во Париз“, креативниот директор на брендот „Rochas“ не ги криеше емоциите.

„Да се работи оваа работа ви овозможува да доживеете неочекувани средби кои оставаат трага. Никогаш не замислував дека ќе ја запознаам Филипин Лерој-Болие, но тоа беше љубов на прв поглед. Ти благодарам Филипин за она што ме научи“, напиша Вигиланте на Инстаграм, а неговата изјава не само што го истакнува талентот на актерката, туку и влијанието што таа го има врз дизајнерите со кои соработува.

Веќе следниот ден на фестивалот во Маракеш, Филипин повторно доминираше на црвениот тепих. Ефектниот фустан го искомбинира со сини потпетици од брендот „Saint Laurent“.

Profimedia

Во парчиња облека од оваа француска куќа се појави и на следниот фестивалски ден, истакнувајќи ја хит бојата на сезоната.

Profimedia

Бордо црвената стана апсолутен хит на модната сцена, а ѕвездата на „Емили во Париз“ ја истакна со лелеав комбинезон со заводливо деколте.

Деталот на плисираната ткаенина на струкот, како и витката фигура, таа ги истакна со додавање на тенок кожен ремен со златна тока и во истата хит нијанса на црвена боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ? (@clementlomellini)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот