
ФОТО | „Се трансформира во демон“: Марина Абрамовиќ не личи на себе, сите зборуваат за нејзиното лице
Марина Абрамовиќ неодамна била гостинка во поткаст каде што зборувала за своите идни планови и подвизи, упорноста и неоткажувањето, иако е на прагот на деветтата деценија, надежта што секогаш ја влече напред и ѝ дава сила, но на крајот нејзиното лице привлекло многу повеќе внимание од зборовите што ги изговорила.
Препорачано
Позната како пионерка на концептуалната и уметноста на перформансот, Марина Абрамовиќ го користи сопственото тело како медиум за да ги истражи границите на издржливоста, болката, смртта и односот со публиката. И токму затоа многумина имале бурни реакции кога забележале дека познатата Србинка посакала целосно да го промени своето лице на 78 години и да го подмлади до непрепознатливост.
Marina Abramović is literally transforming into a demon. pic.twitter.com/C32NwUf3Ns
— Shadow of Ezra (@ShadowofEzra) September 6, 2025
Крајниот резултат, меѓутоа, не добил позитивни коментари од светската јавност, која со децении ја следи Марина во нејзините приватни и кариерни потфати. Некои дури биле многу остри.
„Дури и нејзините родители веќе не можат да ја препознаат“, „Изгледа како да е на стероиди, претерала со корекциите“, „Зошто изгледа како да се трансформира во демон?“, „Треба да старее во склад со нејзините години, лицето не ѝ изгледа како нејзино“, беа некои од мислењата изнесени под извадокот од поткастот.
Инаку, Марина Абрамовиќ, која ќе наполни 79 години во ноември, сè уште е полна со ентузијазам, за што особено зборувала во текот на нејзиното гостување. На тој пат, ја придружува нејзиниот емотивен партнер Тод Екерт, американски бизнисмен и продуцент, кој е 20 години помлад од неа.
Врската изгледа многу стабилна, а познатата српска уметница зад себе има два брака, кои траеја по четири години. Во 1970-тите, таа се омажи за српскиот концептуален уметник Неша Париповиќ, а во 2005 година му рече „да“ на Италијанецот Паоло Каневари, кој беше 17 години помлад од неа.
ФОТО | Таа има 76, а тој 55: Ова е 21 година помладото момче на Марина Абрамовиќ