фото: ФФМ

ФОТО: Македонскиот фудбалер Лука Станковски на позајмица во Тузласпор

Македонскиот фудбалски интернационалец Лука Станковски оди на нова позајмица од редовите на турскиот фудбалски клуб Газиантеп.

Нов клуб на 21-годишниот играч од средниот ред е турскиот второлигаш Тузласпор чии бои ќе ги брани до крајот на оваа сезона. Тузласпор моментно после 21 коло е на 14 позиција со 22 бодови во шампионатот.

И лани во вториот дел од сезоната Станковски беше на позајмица во словенечката Горица со 10 настапи и два голови во тамошното првенство.

Оваа сезона за Газиантеп во турската Супер лига запиша само два настапи или поминати 54 минути на теренот.

Пред да се пресели во Турција Македонецот настапуваше за Работнички, а се поврзуваше и со можен трансфер во италијанската Монца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот