Фото: Stefan Treneski Racing

ФОТО: Македонија го доби првиот возач кој настапил во Формула 4!

Maкедонецот, Стефан Тренески стана првиот од нашата земја кој доби можност да дебитира во Формула 4 и тоа на познатата патека во Словачка „Словакиаринг“.

Тренески е актуелен победнк на Формула 4 ЦЕЗ Академијата и има 17 години, а во Словачка ги бранеше боите на „Јаник Моторс“.

„Успеав од 17. тата позиција да се искачам до 13-тата. До крајот на вкендот имав одлична брзина и конзистентност. Научив многу и ссигурен сум дека следната сезона ќе се борам и заа врвот на Централноевропскиот шампионат. Голема благодарност до Јаник Моторс и сите кои ме поддржаа овој викенд“, објави Тренески на социјалните мрежи.

Следниот натпреварувачки викенд кој ќе биде и последен за оваа сезона ќе се одржи на 6 и 7 септември во Брно, Чешка.

Фото: Stefan Treneski Racing/FB
Фото: Stefan Treneski Racing/FB
Фото: Stefan Treneski Racing/FB
Фото: Stefan Treneski Racing/FB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот