
ФОТО | Луј Витон претвори обична платнена торба во хит чанта што чини речиси 3.000 евра и луѓето ја купуваат
Луј Витон ја претвори платнената тробичката за складирање во вистинска чанта и ја продава за речиси 3.000 евра, дали ви се чини реално?
Препорачано
Често заборавени и скриени на дното од плакарот, платнените торби во кои ги чуваме дизајнерските чанти конечно се појавија во преден план.
Наместо да останат само практичен додаток кој ги штити луксузните парчиња од прашина и светлина, Луј Витон одлучи да им внесе нов живот и да ги претвори во вистинска чанта за носење.

Платнените чанти што обично ги добиваме со скапи чанти, познати и како „вреќи за прашина“, обично не се користат надвор од домот. Тие остануваат настрана, а понекогаш дури и целосно заборавени. Токму затоа Луј Витон одлучи да ја исправи оваа неправда и да претстави чанта инспирирана од нивниот препознатлив дизајн.
Новата чанта изгледа речиси идентично со класичната „вреќа за прашина“, но е поголема и изработена од мазна кожа од нубук. Има едноставен крој, се затвора со врвки и е дополнително рафинирана со две кожни рачки што овозможуваат носење во рака или преку рамо. На неа е поставено препознатливото лого на „Луј Витон“ со темно сини букви, што ја прави минималистичка, но впечатлива.
Иако станува збор за намален модел, цената јасно го одразува луксузниот потпис и чини 2.900 евра.
Сепак, доволно е пространа за да стане идеален сојузник во секојдневните ситуации кога ни треба многу простор, па затоа лесно може да се најде оправданост за купување.