
ФОТО | Луд живот по мачниот развод: Прво врска со аристократот, а сега актерката уловена како се бакнува со девојка!
Иако со тешкиот развод и изборот на своите љубовни партнери самата се стави под лупата на јавноста, актерката Софи Тарнер очигледно сака да ги дели своите бакнежи насекаде.
Препорачано
По нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, музичарот Џо Џонас и новиот партнер – аристократот Перегрин Пирсон, на ред дојде и нејзината пријателка Табита Доерти, ѕвездата на „Игри на тронови“ (Game of Thrones).
По попладневниот шопинг, девојките на разделување се бакнале, пренесува магазинот „Пипл“.

Инаку, Софи неодамна ги поттикна гласините за врската со британскиот аристократ Перегрин Пирсон. Тие биле заедно во Париз каде фотографите ги уловиле како се бакнуваат на улица. Веста за новата романса на актерката осамна за помалку од два месеци по крајот на нејзиниот брак со Џо Џонас.
Потсетуваме, Софи Тарнер и Џо Џонас на почетокот на септември објавија дека се разведуваат по четири години брак. Еден месец подоцна, порталот „Пејџ сикс“ дошол до судски документи во кои било наведено дека парот наскоро ќе ги реши сите прашања помеѓу нив.
Исто така, постигнат бил и договор за привремено старателство над ќерките, тригодишната Вила и едногодишната Делфин.
ФОТО | По разводот со Џо Џонас, Софи Тарнер страсно бакнува богат аристократ