Фото: EPA-EFE/Mariscal

ФОТО: Легендарниот Икер Касиљас во врска со поранешна порно-актерка?

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас бил фотографиран во друштво на поранешната порно актерка и модел на „Онли Фенс“, Клаудија Бавел.

Поранешниот шпански голман во изминатите години беше поврзуван со повеќе атрактивни девојки по разделбата со ТВ водителката Сара Карбонеро во март 2021 година со која беше пет години во брак.

Бавел како тинејџерка „дебитираше“ во филмовите за возрасни, а денеска според информациите на медиумите заработува и до 17.000 фунти месечно преку платформата „Онли Фенс“.

Таа има речиси 250.000 следбеници на нејзниот официјален Инстаграм профил каде што го покажува своето атрактивно тело.

Фотографиите и снимките од Касиљас и Клаудија биле направени минатиот вторник и тоа од магазинот „Diez Minutos“.

„Не можам да ги негирам работите кои се појавија на фотографијата“, изјавила 28-годишната инфлуенсерка на новинарското прашање.

На прашањето дали имала време да помине заедно со поранешниот голман таа одговорила „да“ додавајќи дека никој од нив не е загрижен што сето тоа стигнало до јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот