Канадскиот премиер Марк Карни на Парадата на гордоста во Ванкувер/Фото: CP/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО: Лавина реакции по прегратката на канадскиот премиер со полугол маж на Прајдот во Ванкувер: Затоа Трамп не ве сфаќа сериозно

Фотографијата од канадскиот премиер Марк Карни во прегратка на топлес маж за време на парадата на гордоста во Ванкувер минатиот викенд предизвика бес. На фотографијата, направена од Ројтерс, Карни се гледа како го прегрнува мажот, кој носи на себе само розова танга.

„Цела Канада на една фотографија. Затоа Трамп не ве сфаќа сериозно “, коментираше еден корисник на Икс. „Нема крај на ова лудило“, коментираше друг. „Тој ме потсетува сè повеќе на својот претходник“, коментираше друг.

Фотографијата со полуголиот маж, всушност, не беше единствената што предизвика коментари, бидејќи истото се случи и со друг кадар во кој Карни беше фотографиран со маж облечен како куче.

Карни, пак, од своја страна, објави видео од своето појавување на Ванкувер Прајд, на кое се појавија неколку коментари во врска со контроверзната прегратка со полуголиот маж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот