
ФОТО | Кралицата на Шпанија ѝ оддаде почит на Украина: Летиција со јасна порака и поддршка!
Кралицата на Шпанија која важи за една од најубавите жени во светот се појави во посебна модно издание со шарени детали кои кријат силно значење.
Препорачано
Неодамна, кралицата присуствуваше на 10-тото доделување на наградите „Mutua Madrilena“ во Мадрид и по тој повод таа се одлучила за посебна модна комбинација на црни панталони со висок струк и шарена кошула.

Фокусот на целиот свет изминатиов период е ставен на војната во Украина и колку и да се трудиме нормално да си го живееме нашиот живот, мислите ни се во Украина.
View this post on Instagram
Имено, кошулата која ја одбрала кралицата на Шпанија е традиционалната украинска кошула која се карактеризира со везови во најразлични бои. Со својата модна комбинација, таа несомнено оддаде почит кон украинскиот народ кој се соочува со еден од најтешките моменти од поновата историја. Летиција оддаде почит кон културата и традицијата на угнетуваната земја.

Преплетувањето на геометриските и цветни фигури на кошулата ја раскажува историјата на Украина. Потеклото на овој вез, пак, датира од античко време. Со текот на времето, везот стана симбол на украинската традиција и дел од украинскиот идентитет. Најчесто се користи за украсување облека и најразлични ткаенини.