Немо - Фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

ФОТО | Комбинезонот што Немо го носеше на финалето на Евровизија бил направен од 55.000 Сваровски кристали

Швајцарецот Немо, минатогодишниот победник на Евровизија, годинава настапи во финалето по натпреварувачкиот дел. Тој ја отпеа својата песна „Unexplainable“, а за време на настапот привлече внимание со комбинезонот во кој се качи на сцената.

Немо објави фотографии од комбинезонот на Инстаграм и откри дека на него има 55.000 кристали Сваровски. „Резултатот е светлечка силуета што ја отсликува ранливоста и пркосот во срцето на необјаснивото“, напиша тој во објавата. Сваровски во форма на накит беше исто така дел од неговата прва облека, бел фустан што личеше на венчаница.

Немо – Фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Неговата објава брзо ја лајкнаа речиси шест илјади луѓе. Еден од првите коментари го напиша сестрата на Немо, Ела Метлер, која рече дека Немо е прекрасен. „Твојот настап таа вечер ја заслужува сета љубов и поддршка“, „Твојот втор настап беше брилијантен“, „Немо, ти си апсолутно прекрасен“, „Не знаев дека е можно да ти се восхитувам повеќе“, „Сè на тебе е совршено“, напишаа други обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemo (@nemothings)

Немо двапати настапи во финалето на Евровизија. Прво ја изведе минатогодишната победничка песна „The Code“, а потоа следеше новата песна „Unexplainable“. Втората изведба не ја импресионираше публиката, која на социјалните мрежи коментираше дека изведбата била здодевна.

Оваа година на Евровизија, која се одржа во Базел, победник беше австрискиот ЏејЏеј со песната „Wasted Love“. Неговата песна е инспирирана од болна раскинување и зборува за чувството кога ќе му го дадеш срцето на некого, а таа личност не знае како да го цени тоа. Победничкиот трофеј му го врачи Немо, кој го прегрна својот наследник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот