Фото: Принтскрин/Фејсбук

ФОТО | Колинда Грабар-Китаровиќ ја копира Кејт Мидлтон: Носи морнарски фустан во Вашингтон, а истиот модел го обожава и принцезата 

Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешната претседателка на Хрватска остана запаметена како жена со стил која секогаш знаела да избере елегантна комбинација во склад со својата функција. И по завршувањето на нејзиниот мандат, 56-годишна Грабар-Китаорвиќ остана присутна во политичкиот и јавниот живот на Хрватска, а и денес продолжува да ги полни страниците на печатот со своите убави модни комбинации.

Неодамна на својот фејсбук-профил Колинда Грабар-Китаровиќ сподели фотографии од јавниот форум на НАТО во Вашингтон, на кој и самата присуствуваше.

За оваа деловна пригода таа избра едноставно, но софистицирано издание со кое не можете да погрешите. Со оглед на тоа што Колинда претходните години избираше парчиња инспирирани од стилот на британската принцеза Кејт Мидлтон, како и од поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, не чуди што и сега прибегнала кон тој моден рецепт.

Фото: PA / Images / Alamy / Alamy / Profimedia / Profimedia

Познатата Хрватка се определила за нов модел на фустан од лондонскиот брендЕделин Ли“, а и претходно носела парчиња со нивниот потпис. Интересно е што пред неколку недели носеше нивна тоалета од смарагдно зелена лелеава ткаенина, а ист таков фустан носеше британската принцеза Кејт Мидлтон во мај 2022 година при посетата на Музејот на дизајн во Лондон.

Но, парчето што таа го носеше сега чини 1.400 евра и сè уште е достапно во веб продавницата на споменатата модна куќа, а се работи за тегет фустан во миди должина со впечатливи бели копчиња и ремен кој ја истакнува половината.

Морнарскиот изглед го надополнила со бели чевли со панделки со потпис на Салваторе Ферагамо, успевајќи да изгледа класично, но и шик.

 

Колинда во една пригода носеше сличен аутфит како поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, во небесно сина боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!