
ФОТО | Клучен сведок во случајот: Поранешната на Диди снимена во јавност неколку дена пред судењето, го покажа трудничкиот стомак
Каси Вентура, поранешната девојка на Шон Диди Комбс и клучен сведок на неговото судење, беше фотографирана во Њујорк само неколку дена пред почетокот на судењето. Судењето официјално започна на 5 мај 2025 година, додека воведните зборови се закажани за 12 мај.
Препорачано
Вентура беше фотографирана пред станот на нејзината пријателка во лежерна облека. Носеше сива блуза со долги ракави што го истакнуваше нејзиниот труднички стомак и бели ленени панталони.
About that witness stand guest list, +1 for Cassie Ventura, please.👇 https://t.co/M1D60bqWcy pic.twitter.com/Wj2v3Vonwn
— 🧑⚖️ The Diddy Docket (@diddydocket) May 8, 2025
Патем, Каси и нејзиниот сопруг Алекс Фајн го очекуваат своето трето дете. Двојката е заедно од 2018 година, а се венчаа во 2019 година. Истата година го добија своето прво дете, ќерката Френки, а во март 2021 година ја добија ќерката Сани.
Каси е означена како „Жртва бр. 1“ во судските документи и се подготвува да сведочи против Диди. Се очекува таа да сведочи за она што го претрпела за време на нивната врска, која траеше од 2007 до 2018 година. Диди е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе и злосторства поврзани со проституција. Истрагата против него беше покрената откако токму Кеси поднесе тужба во ноември 2023 година.
Диди претходно ги негираше обвинувањата за сексуално и физичко злоставување што Кеси ги изнесе во својата тужба, но се извини за видеото на кое се гледа како физички ја напаѓа Кеси. Тој рече дека во тоа време „допрел до дното“ и дека неговото однесување е неоправдано.