
ФОТО | Клои ја засени Ким на традиционалната божиќна забава на семејството Кардашијан-Џенер
Познатото семејство Кардашијан-Џенер ја одржа нивната позната божиќна забава, која им е семејна традиција уште од далечната 1978 година.
Препорачано
Кортни Кардашијан беше главниот организатор на годинашната забава. Таа ги украси ходниците со црвени завеси, таванот го исполни со црвени балони и постави невообичаена црвена елка.
Сестрите Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли се вистински модни икони, а тоа го докажаа и со своите гламурозни модни комбинации со кои решиле да го прослават Божиќ.
View this post on Instagram
Оваа година, нивната мајка Крис Џенер го „украде шоуто“ со долг црвен фустан од постара колекција на модната куќа „Валентино“.
View this post on Instagram
„Домаќинката“ Кортни Кардашијан се одлучи за дводелна комбинација во бела боја.
View this post on Instagram
Ким Кардашијан се појави во гламурозна, сребрена тоалета на „Версаче“. Тоа што го забележаа нејзините обожаватели е дека Ким ѝ се врати на нејзината препознатлива боја на косата и дека сега е повторно бринета.
View this post on Instagram
Дефинитивно, Клои Кардашијан ги воодушеви сите со својот изглед. Таа облече црвена тоалета на либанскиот дизајнер Николас Џебран, а изгледот го дополни со накит на Лорејн Шварц и чевли на Џjанвито Роси.
View this post on Instagram
Кендал Џенер „блесна“ со црвен светкав фустан на „Валентино“.
View this post on Instagram
Младата мајка Кајли Џенер позираше со нејзината ќерка Сторми и го привлече вниманието со својот прекрасен фустан од брендот „Муглер“.
View this post on Instagram