
ФОТО | Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски го прослави третиот роденден: Иста фризура како мама и забава од бајките
Познатата пејачка Сара Мејс на својот инстаграм – профил сподели прекрасни фотографии од третиот роденден на ќерката Илина. Прекрасна роденденска торта украсена со колоритен еднорог, многу балони и украси, забава со сапуница, слатки изненадувања и секако многу другарчиња.
Препорачано
Мама Сара и Илина беа совршено стилизирани, а притоа имаа и слични фризури со плетенки. За тематските игри на забавата се погрижи и нашиот познат водител и маркетинг претприемач Димитар Атанасовски, кој е татко на славеничката и сопруг на Сара.
– Со нив до крај на свет и назад, стои во описот на еден од прекрасните семејни роденденски фотографии.
На роденденската забава беше присутен и „постариот брат“ на Илина, кучето Атос, или „кучето човек“ како што Сара милува да го нарече.
– Тоа е, не можам да се сопрам, многу убави слики има. Башка, морав да споделам од семејните гушкања со Атос, стои во описот на еден од прекрасните албуми кои Сара ги сподели со своите обожаватели.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
28мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5