Фото: Приватна архива

ФОТО | Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак се закити со титула Мис Фотогеничност на Мис на Европа

Постарата ќерка на манекенскиот пар Црнокрак, Моника од најрана возраст ги следи стапките на своите родители. Младата убавица досега има учествувано на бројни избори за убавина каде гордо ја претставува нашата земја. 

Во главниот град на Либан, Бејрут се одржа изборот за Мис на Европа за 2023 година. Нашата држава ја претставуваше 24-годишната убавица Моника Црнокрак, која се закити со титулата Мис Фотогеничност, во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави

Фото: Приватна архива

Победничка, односно Мис на Европа за 2023 година е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија. Изборот се одржа во театарската сала на „Casino Du Liban“ во Бејрут, во организација на „Aja Production“ од Либан, која традиционално, со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут.

Фото: Приватна архива

„Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно кје го паметам цел живот“, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на „Модното студио Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот