
ФОТО | Келвин Клајн на модната ревија се појави со бившата сопруга: Сите веруваа дека нивниот брак е само параван
Келвин Клајн приреди вистински спектакл во центарот на неговата модна империја на Менхетен. На промоцијата на колекцијата есен 2025 година, потпишана од Вероника Леони, новата креативна директорка на куќата, од првиот ред присуствуваа музите на Келвин Клајн, Кристи Тарлингтон и Кејт Мос, а гигантот на американската модна сцена имаше голема поддршка и од неговата поранешна сопруга Кели Ректор.
Препорачано


Тие се разведоа пред речиси 20 години, во мир, љубов и хармонија, што ретко се случува денес. Тие останаа блиски пријатели и најголема поддршка еден на друг. Тие го потврдија тоа пред неколку вечери во Њујорк, каде Келвин Клајн ја претстави својата колекција за есен 2025 година.
Легендите Кејт Мос и Кристи Тарлингтон беа таму, овој пат како гости. Кристи ја донесе и ќерката Грејс. А покрај нив, во првиот ред, беше и Кели Ректор, поранешната асистентка, фотограф на Клајн и жената со која беше во брак од 1986 до 2006 година.
Се шушка дека славниот дизајнер е бисексуалец уште од неговото појавување на модната сцена, која беше во првата половина на седумдесеттите. Меѓутоа, во тие конзервативни времиња, не беше баш паметно да се „излезе од плакарот“, особено ако сте биле на почетокот на кариерата. Без разлика дали знаел дека е геј или не, Клајн се оженил со дизајнерката на текстил Џејн Сентер во 1964 година, со која ја добил ќерката Марси.
Првиот брак траеше кратко, а вториот – малку подолго. Барем официјално. Имал 43 години кога на церемонијата во Рим ѝ го кажал судбоносното „да“ на својата убава асистентка.
– Јас сум најсреќната жена на светот. Тој е најдобриот човек што постои. Го сакам, сакам сѐ што прави. Јас сум неговата муза – ги убеди Кели новинарите кои веруваа дека нивниот брак е само параван за вистинската сексуална ориентација на ветеранот на американската мода.
Ја опсипал со внимание и скапи подароци. Само на скапоцени камења од колекцијата „Војвотката од Виндзор“ потрошил околу милион и пол долари. Кели од сопругот добила, меѓу другото, куќа воХемптонс и прстенот Етернити, по кој подоцна го нарекол својот најпознат парфем. За првата кампања, тој ги ангажира Кристи Тарлингтон и нејзиниот сопруг, актерот Едвард Барнс.
Сепак, тоа не им успеа. По десет години се разделија, а по дваесет и официјално се разведоа. Не е познато зошто толку долго траеше парницата. Во секој случај, Келвин Клајн, кој има 82 години, и Кели Ректор (68) го исполнија ветувањето и останаа добри пријатели. Шоуто на Келвин Клајн во Њујорк беше ретка можност после долго време повторно да ги видиме заедно во јавност.