
ФОТО: Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу
Голем успех оствари Катерина Ацевска на Европското првенство во Питешти, Романија, во џиу-џицу, за натпреварувачи до 16, 18 и 21 година.
Препорачано
Македонската натпреварувачка во категоријата +70 кг. (У21) успеа да го освои сребрениот медал.
Во борбата за златото Ацевска загуби од Германката Лота Сандер (0-50), а претходно на патот до финалето оствари две победи.

Ацевска на ЕП славеше триумфи против Жаде Сеел од Франција (50-0) и Дијана Скрупниук од Украина (50-0). Сите резултати од оваа категорија можете да ги погледнете ТУКА
Нашите останати членови Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски и покрај храбрите и одлични борби не успеаа да дојдат до еден од медалите. Со оглед на сериозноста на турнирот собраа многу искуство што носи едно вакво Европско првенство.
Најуспешна земја на Европското првенство е Грција со 18 златни медали, а по 17 имаат Романија и Украина.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5