Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

ФОТО | Каролина Гочева предупредува: Го користат мојот лик за лажна реклама

Македонската пејачка Каролина Гочева веќе некое време е мета на сајбер-криминалци, кои го користат нејзиниот лик за да рекламираат козметички производи.

„CoraLift – ја подмладува кожата природно. Завршија деновите на ботокс инјекции и затегнување на лицето“, пишува на рекламата, на која има и фотографија на пејачката.

Сега Гочева се огласи на Инстаграм, каде потенцираше дека станува збор за лажна реклама и ги замоли нејзините следбеници да ја пријават кога ќе им се појави како објава на социјалните медиуми.

„Дечки, веќе некое време кружи оваа лажна реклама.

Повеќе пати се обидовме да ја пријавиме, но повторно се појавува од различни профили.

Важно е да знаете дека е лажна реклама, која го користи и го злоупотребува мојот лик.

Доколку не ви е тешко, ве молам да ја пријавите кога ќе ви се појави“, напиша таа во сторијата на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот