
ФОТО | Јован Јованов се враќа на македонската сцена по 14 години, подготвува дуетска песна со Пајак
Пред неколку дена, на социјалните медиуми се појави фотографија од пејачот Јован Јованов и раперот Христијан Настески – Пајак во студио. Нивните обожаватели се запрашаа: „Што ли се подготвува во студиото Јованови?“.
Препорачано
Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега-хитот „Магија“. Само за потсетување песната „Магија“ во изведба на група „Магија“ беше победник на Макфест во 1998 година и сеуше се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.

По желба на Пајак, Јованов повторно ќе ги запее познатите стихови „Ќе ми треба магија за да те освојам“. Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.
Песната, заедно со видеозапис, ќе биде промовирана на 6 декември на јутјуб-каналот на „Урбан рекордс“.

Во последнава декада, Јован Јованов живее во Канада и работи како музички продуцент. Тој е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада.
„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“, изјави Јованов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
41мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5