Фото: Инстаграм/Миланка Рашиќ

ФОТО | Јелена Ѓоковиќ го посети Скопје: Го испромовира документарниот филм „The Wisdom Of Trauma“ пред македонската публика

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, синоќа го промовираше документарниот филм „The Wisdom of Trauma“ на д-р Габор Мате пред македонската публика.

Покрај специјалната проекција на филмот во скопското кино „Синеплекс“, се одржа и панел-дискусија на која учествуваа Јелена Ѓоковиќ, психологот Смиљана Грујиќ и основачот на фондацијата „Тијана Јуриќ“ – Игор Јуриќ. Претходно, тројцата прошетаа низ нашиот главен град и споделија заедничка фотографија од скопскиот плоштад.

Фото: Инстаграм/Игор Јуриќ

Јелена Ѓоковиќ се појави во елегантна модна комбинација – циклама панталони со висок струк и шарена кошула во бела и циклама боја, надополнета со минималистички накит.

На премиерата присуствуваа голем број посетители, меѓу кои и водителката Миланка Рашиќ, пејачката Ребека Јанковска – Ристески и водителката Живкица Кaленикова.

Фото: Инстаграм/Живкица Кaленикова
Фото: Инстаграм/Миланка Рашиќ
Фото: Инстаграм/Даријан Трајанов
Фото: Инстаграм/Живкица Кaленикова

„Во ‘The Wisdom of Trauma’ патуваме заедно со д-р Габор Мате – лекар, автор на бестселер и добитник на наградата Орден на Канада, за да истражиме зошто западното општество се соочува со епидемии какви што се анксиозноста, хроничните болести и употребата на психоактивни супстанции. Ова е едно патување со човек кој го има посветено својот живот да ја разбере поврзаноста помеѓу болестите, зависностите, траумите и општествата. Траумата е невидлива сила што ги обликува нашите животи. Го обликува начинот на којшто живееме, љубиме и го разбираме светот. Таа е коренот на нашите најдлабоки рани. Д-р Мате ни дава нова визија: општество информирано за траумите, каде што родителите, наставниците, лекарите, судиите и носителите на важни одлуки не се фокусирани на потиснување на симптомите и на осудување, туку сакаат да ги разберат изворите од кои извираат загрижувачките однесувања и болести во човековата душа. Тој ни посочува еден пат кон индивидуално и колективно исцелување“, стои во описот на филмот.

Досега филмот беше премиерно прикажан во Белград, Нови Сад, Ниш и Скопје, а ќе биде промовиран и во Подгорица, Љубљана, Сараево и други градови низ Србија и регионот.

Сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ и нејзините програми насочени кон подобрување на компетентноста на родителите и благосостојбата на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот