Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ФОТО | Изложба на валкани гаќи ги шокирала посетителите

Шок и негодување кај жителите на Нови Сад предизвика дел од новата изложба на дела на магистрантите на Катедрата за ликовни и применети уметности.

Многу негативни коментари на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека мнозинството не го разбира уметничкиот израз на авторот, а во прилог говорат коментарите.

Имено, самата изложба се состои од различна женска долна облека која била намачкана со нешто што би укажувало на менструална крв. Токму тоа предизвика лавина негативни коментари.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Без извинување. Ова веќе ги преминува сите граници. Некои критериуми мора да постојат, па дури и ако е тоа уметничка слобода на создавање“, „Уметност. Да гледаме во валканата долна облека“, „Сешто дозволуваат галериите“, „Не е доволно, тоа е .. што би рекол моето дете „Бљак, пууу“, „Одвратно. На кого ова му е интересно или смешно, има проблем“, се само дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сепак, имаше и такви кои ја поддржаа оваа форма на изразување на уметничката слобода.

„Мислам дека воопшто не е страшно, но и ова треба да се прикаже – како изгледа кога некој нема пари за влошки или поради некоја друга причина е спречен да се среди за време на нормалниот месечен циклус“, „Топ инсталација , време е да престанеме да се срамиме од најприродното“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во Галеријата на Академијата на уметностите вчера свечено беше отворена изложбата на дела „Мајстори“ на студенти на Катедрата за ликовна и применета уметност.

Една од авторките на инсталацијата „Je l’ probilo?“, Јана Панајотовиќ, на својот Инстаграм профил накратко објасни сѐ за споменатата инсталација.

„Преку три поврзани дела, оваа инсталација критички го осветлува проблемот со менструалната сиромаштија и поширокиот социјален однос кон менструалниот циклус. На ѕидот гледаме 80 пара долна облека, симболизирајќи го просекот на менструалните циклуси во текот на една година, по уметник, бидејќи две авторки се вклучени во работата. Секој пар гаќи носи траги од менструална крв, што е често табу, но јасно видливо овде, што укажува на реалноста со која жените се соочуваат секој ден“, напиша таа во самиот вовед, а потоа продолжи:

„Во преден план на инсталацијата има пластична статуа на долниот дел од телото на жената, од која истекува црвена течност, симболизирајќи ја менструалната крв просечна количина на крв што жената ја губи за една година. Оваа течност ја поврзува работата на ѕидот со физичката реалност на женското тело и менструацијата. Стаклената кутија го поставува прашањето за достапноста на менструалната нега и истакнува дека менструалната сиромаштија не е само физички и психолошки проблем, туку и социјален. Цената на менструалните производи дополнително ја усложнува и онака тешката положба на жените кои живеат на работ на сиромаштијата, а оваа визуелна презентација се фокусира на тоа колку таквите производи стануваат симбол на привилегија во денешното општество“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На крајот, Јана Панајотовиќ го заклучи следново:

„Со својот визуелен јазик, инсталацијата ја доведува во прашање не само стигмата на менструацијата, туку и економскиот и социјалниот товар што го носи за жените во современото општество“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот