„Давид“ на Микеланџело / Фото: Pexels

ФОТО | Италијански уметник ја пресоздаде статуата „Давид“ од Микеланџело со речиси 700.000 „Лего“ коцки

Во Бергамо беше претставена уникатна репродукција во природна големина на едно од најпознатите ремек-дела на светската уметност – „Давид“ на Микеланџело, изработена од повеќе од 635.000 „Лего“ коцки. Автор на делото е италијанскиот уметник Пјерлуиџи Алберто Червати, кому му биле потребни над 3.000 часа за да му „вдахне живот“ на овој пластичен џин со божествени пропорции, пишува „Бергамо њуз“.

Червати не е нов во претворањето на мали дански коцки во монументални дела. Во 2022 година тој ја воодушеви публиката со најголемиот пловечки брод направен од „Лего“, реплика на „Коста Диадема“ со над 200.000 коцки, изграден без лепак или дополнителни носачи.

Зад тоа дело се криеше и лична приказна – љубовна посвета на неговата сопруга Беатриче Да Рос, која почина во 2021 година на само 40 години. Заедно со неа, уште во 2014 година го отворија „Градот на коцките“ во Бергамо, кој и денес е препознатлива точка за сите љубители на „Лего“.

Во 2023 година Червати создаде и најголем мозаик од „Лего“ коцки во светот – со повеќе од 800.000 парчиња. Делото беше посветено на Бергамо и Бреша, прогласени за италијански престолнини на културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот