Мицкоски и владина делегација на чествување на Илинден во Скопје/ФОто: Слободен печат/Методи Здравев

ФОТО и ВИДЕО | Мицкоски на Илинден во Скопје: Ова е ден за обединување, да го чествуваме достоинствено

Премиерот Христијан Мицкоски и владина делегација по повод 2 Август – Ден на Републиката положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто.

Мицкоски и владина делегација на чествување на Илинден во Скопје/ФОто: Слободен печат/Методи Здравев

Мицкоски на граѓаните во куса изјава им го честиташе големиот празник и порача достоинствено да се прославува и да ги обединува сите граѓани:

-Овој ден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што ние денеска го имаме слобона независна, држава Македонија. Нека нивната жртва не потсетува каква држава ние треба да оставиме на генерациите коишто следат после нас. Држава во којашто имаме среќни граѓани, држава која ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност. Овој ден нека не обединува, ова е ден за обединување, да се слави, и јас би рекол да ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека нѝ е Свети Илија, порача премиерот Христијан Мицкоски.

 

Мицкоски и владина делегација на чествување на Илинден во Скопје/Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Пратениците во македонското собрание положија цвеќе/ Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска/ Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Каја Шукова од СДСМ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот