Граничен премин „Табановце“, 24 декември 2021 година / фото: Слободен печат

ФОТО: Хаос невиден – и вечерва гужва на „Табановце“, колоната за влез во земјава се движи како полжав

Стотици автомобили и автобуси, воглавно со патници од западните земји кои доаѓаат во родните места за божиќните и новогодишните празници, и вечерва чекаат по околу еден час за да влезат во Македонија на граничниот премин Табановце.

Меѓуграничниот простор е целосно исполнет од долгата колона возила.

Граничен премин „Табановце“, 24 декември 2021 година / фото: Слободен печат

Слична беше ситуацијата и вчера, кога граѓани кои чекаа на граничниот премин се жалеа на бавноста на граничните служби.

Илјадници луѓе традиционално се враќаат во земјава од западните земји, каде овие денови не се работи поради божиќните и новогодишните празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот