Фото: Фејсбук

ФОТО | Горан Алачки ужива со саканата на Малдиви, таму го прославија нејзиниот роденден

Музичарот Горан Алачки и водителката Марина Дојчиновска се во романтична врска во последната деценија, но се чини дека нивната љубов никогаш не била посилна.

Тие заминаа на патување на Малдиви, каде на 17 декември го прославија роденденот на Дојчиновска.

Малдивите се сметаат за една од најромантичните дестинации во светот, совршена за парови кои сакаат да го поминат своето време на идилични места. Алачки и Дојчиновска уживаат покрај неверојатно чистите тиркизни води и позираа на мекиот бел песок.

„Рајскиот остров“, напиша авторката на познатата емисија „Македониум“ на својот фејсбук-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот